Темно Режим Светло Режим

Антикорупционерите: Во право сте г. Груби, немаме капацитет да се возиме со службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребуваме државни простории…

Имаме капацитет да се избори со вашите оркестрирани напади, му порача денеска Државната комисија за спречување на корупција на вицепремиерот Артан Груби. Антикорупционерите реагираат на неодамнешните изјави на Груби кој рече дека е незадоволен од работата на антикорупционерите, дека „не ги бива“ бидејќи изгубиле голем број на случаевите и дека се надева оти „следниот состав ќе биде посериозен“.

Во соопштението на ДКСК се наведува дека таа има капацитет да ги исполни своите обврски.

-Во право сте г. Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се постапи по нив, се наведува во соопштението.

Тие го потсетуваат Груеби дека четири години по ред во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, добиваме позитивни оценки за својата проактивност и отворање случаи против високи функционери. Тоа е директна потврда за оправданоста на нивното работење и за ажурноста на Комисијата токму во овој состав.

-Зачудува фактот што оваа оценка на ЕК како највисоко тело на ЕУ Вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а истовремено се залагате за брз влез во ЕУ. Квалификациите за капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата, и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста. Ова дотолку повеќе што неодамна Кабинетот на вице премиерката за добро владеење ја обвини Комисијата за паушални и неосновани обвинувања поврзани со предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко иако на прес конференцијата на ДКСК такво нешто не беше споменато, а вице премиерот за евроинтеграции на билатералниот скрининг за образование култура и спорт побара од претседателката да не ја известува ЕК за поднесената тужба за клевета од страна на директорот за млади и спорт, Наумче Мојсовски, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Пендаровски му одговори на Радев: Нови барања од Бугарија не се дозволени заради преговарачката рамка

Следниот Пост

Маж нападнал сограѓанин на улица, извадил и нож