Темно Режим Светло Режим

Ѓоковиќ е во финалето на АО, забележа победа над Синер

Најтрофејниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и вториот финалист на Гренд-слемот Австралија опен. До своето 11-то финале Ѓоковиќ дојде со голем пресвет во дуелот со Јаник Синер кој беше победник во Мелбурн на изминатите два турнири.

Голема борба водеа бранителот на трофејот Синер и десеткратниот шампион Ѓоковиќ во мечот што траеше 4 часа и 12 минути, а Србинот го доби со 3:2 во сетови.

Италијанецот во наврати имаше предност, откако ги доби првиот и третиот сет со 6-3 и 6-4. Србинот возврати во иста мера со 6-3 и 6-4 во вториот и четвриот сет.

Advertisement

Во решавачкиот петти сет, решавачки беше седмиот гем во кој Новак направи брејк и поведе со 4-3. Србинот ја задржа предноста го доби сетот со 6-4, а мечот со 3:2.

Така Ѓоковиќ ќе има можност да стигне до 11-тата титула во Мелбурн, во 11-тото финале.

Пречка до тоа ќе му биде Шпанецот, Карлос Алкараз кој во првиот полуфинален дуел го совлада Германецот, Александар Зврев во пет сета. Финалето ќе се игра во недела.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Општина Аеродром со повик до граѓански организации во рамките на програмата за локална демократија

Следниот Пост

Со 25 милиона денари од градот, „Улици и Патишта" ќе го решаваат сообраќајниот хаос со паметен зелен бран