Темно Режим Светло Режим

Протестот „Стоп за Цементара“ денеска ќе го блокира центарот на Скопје

Во централното градско подрачје на Скопје денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, кој е закажан со почеток во 12 часот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека маршот ќе започне пред зградата на Владата на булеварот „Илинден“, ќе продолжи десно по булевар „ВМРО“, потоа по улицата „Васил Главинов“, лево по „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11 Октомври“ до пред Собранието, а потоа лево по улицата „Филип Втори Македонски“ до пред Министерството за животна средина.

Поради движењето на учесниците, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе спроведе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на градот.

Advertisement

Од МВР упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници на терен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Временска прогноза: Дожд денеска, утре премин во снег

Следниот Пост

„Сејф сити“ почнува да казнува, сумите не се мали и би требало да се само опомена да се вози прописно