Темно Режим Светло Режим

Пијан возач со 2,32 промили предизвика сообраќајка во Скопје, повредени две лица

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода М.М. (50) од Скопје, откако бил вмешан во сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“.

Несреќата била пријавена околу 16:15 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „сеат ибица“, управуван од М.М., „тојота“, управувана од А.Г. (25), и „мерцедес“, управуван од М.В. (32), сите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Г. и неговата сопатничка Л.Г.

По преземените полициски мерки било утврдено дека М.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 2,32 промили алкохол во крвта. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а осомничениот бил лишен од слобода.

Advertisement

По целосно документирање на случајот, против М.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“

Следниот Пост

Брус Вилис не знае дека има деменција