Пандев: Утре е најважниот натпревар во мојата кариера

Македонските фудбалски репрезентативци утре во Грузија ќе го одиграат најважниот натпревар. Победата во дуелот со грузиските репрезентативци ќе ја однесе Македонија на Европското првенство во 2021 година.

Најдобриот и најискусниот македонски фудбалер, капитенот Горан Пандев, најавува решителност во борбата за остварување на тој сон за учество на Европското првенство. Тој на „Инстаграм“ напиша:

-113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости и понижувања. Многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо….. Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на моето семејство, на цела нација.
Во овие тешки времиња, да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. Еден за сите – сите за еден… Да живее Македонија“, напишал македонскиот капитен.

Пандев дал и кусо интервју кое го објави Фудбалската федерација на Македонија. Капитенот уште еднаш потенцира колку натпреварот во Тбилиси е важен за него и за целата држава.

-20 години сум во репрезентацијата, ова е најважниот натпревар во мојата кариера, најважниот натпревар за цела Македонија. Се надевам дека и ние конечно ќе се израдуваме, дека ќе се оствари мојот сон, истакна Пандев.

Претходна вестПо Скопје вчера крстареле 49 возачи без возачка дозвола, а колку полицијата не фатила…
Следна вестГлобите за загадување на животната средина ќе се зголемат и до 20 пати