Браво, Македонија конечно на европско фудбалско првенство

Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на Европското првенство следното лето, откако ја совлада Грузија со 1-0 на гостувањето во Тбилиси во рамки на финалниот бараж натпревар.

Стрелец на единствениот гол беше одличниот македонски капитен Горан Пандев во 56-тата минута од натпреварот по една прекрасна акција која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовоски.

По голот на Пандев, нашите репрезентативци играа полетно и направија уште неколку добри акции од кои за малку не постигнаа втор гол. По последниот судиски свиреж на теренот започна општо славје на кое со песна се приклучија и селекторот и резервните играчи.

Инаку, Македонија на својот дебитантски настап на континенталниот турнири ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина. Градови домаќини на натпреварите од оваа група ќе бидат Букурешт и Амстердам.

Европското првенство почнува на 11 јуни 2021 година.

Претходна вестНападнати двајца таксисти во Скопје
Следна вестРегистрирани 1.295 новозаразени, починаа 26 лица