Нападнати двајца таксисти во Скопје

Двајца таксисти вчера во полицијата пријавиле дека биле нападнати во главниот град.

Во првиот случај, такси-возач пријавил дека бил физички нападнат на бензинска пумпа на подрачјето на скопската населба Бутел.

Од МВР информираат дека зад нападот стои патник кој се превезувал во такси-возилото.

Во вториот случај, таксист пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода две лица со тврд предмет физички го нападнале, а потоа го оштетиле неговото такси-возило и му одзеле пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Претходна вестДоколку има потреба Комисијата во понеделник ќе предложи ограничувања на движењето
Следна вестБраво, Македонија конечно на европско фудбалско првенство