МЗТ го загуби првиот меч во АБА2 лигата

Црногорскиот клуб Подгорица му го нанесе на МЗТ Скопје Аеродром првиот пораз на стартот на Втората АБА лига, триумфирајќи во драматичен меч со 74:72 (12:16, 28:22, 22:21, 10:15) во спортскиот центар „Ваи Таи“ на Златибор.

„Металците“ имаа водство во речиси целиот натпревар и на минута и пол пред крајот имаа 70:69 предност, пред црногорскиот клуб да направи пресврт од кој немаше враќање. Андрија Бојиќ имаше 24 поени, 9 скока и 2 асистенции за МЗТ, Тодрик Гочер додаде 21, додека кај победниците најефикасен беше Новак Мусиќ со 23 поени.

Ова е прв натпревар на Подгорица во регионалното натпреварување, а веќе во следното коло го пречекува вториот македонски претставник, Работнички.

Претходна вестГлобите за загадување на животната средина ќе се зголемат и до 20 пати
Следна вестЗа една недела смртноста од вирусот се зголеми за 41,1 процент