Темен режим Режим на светлина

Ѓорческа обезбеди четвртфинале на силниот турнир во Португалија

Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата

Лина Ѓорческа мораше да прави пресврт, но на крајот оствари голема победа за пласман во четвртфиналето на турнирот во Португалија, кој се игра за награден фонд од 100.000 долари.

Македонската тенисерка денеска се соочи со петтата носителка Ариане Хартоно на турнирот во Фигуера Да Фоз и успеа да се врати по загубен сет, за конечна победа од 2:1 во осминафиналето.

Подобро рангираната тенисерка го доби првиот сет со 6:4, но потоа следуваше одговорот на Лина, која ги доби следните два сета со 6:2 и 6:3, за целосен пресврт и место во четвртфиналето.

Мечот траеше два часа и две минути, а Македонката продолжува напред и ќе се обиде да отиде чекор понатаму на силниот турнир.

Во следната рунда, противничка на Ѓорческа ќе биде победничката од дуелот меѓу Австралијката Инглис и Канаѓанката Марино, која е втора носителка на турнирот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Одземени два телефона на вработено лице во Академијата за судии, имало индикативна комуникација со судија Наќе Георгиев

Следна објава
САД во разговори со Иран, најавен можен пресврт

Трамп: Ако ме убијат, се надевам дека Америка ќе го избрише Иран од лицето на Земјата