Иако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен, тој остана светски рекет број 1. Феноменалниот Србин ја започна 409-та недела на врвот на АТП листата.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, на најновата АТП листата „падна“ за три позиции и од оваа недела се наоѓа на 329. место во светот.
Ѓоковиќ е на првата позиција со 9.855 бодови, 1.200 помалку од претходната листа. Тој сигурно ќе биде број 1 до 19 февруари.
Втор е Алкараз со 9.255 поени, кој заостанува само 600 поени зад Ѓоковиќ, зад нив се финалистот од Мелбурн, Данил Медведед и шампионот на првиот Грен слем сезонава Јаник Синер.
АТП листа, Топ 10:
1. Новак Ѓоковиќ 9.855 поени
2. Карлос Алкараз 9.255
3. Данил Медведев 8.765
4. Јаник Синер 8.310
5. Андреј Рубљов 5.050
6. Александар Зверев 5.030
7. Холгер Руне 3.685
8. Хуберт Хуркач 3.540
9. Тејлор Фриц 3,195
10. Стефанос Циципас 3.025.