Двајца мажи од гостиварско нападнале скопјанец, на сила сакале да го извлечат од возило

Двајца мажи од гостиварско Добри Дол нападнале скопјанец. Тие му го попречиле патот, го нападнале и на сила сакале да го извлечат од возило.

– Вчера, во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода М. И. (25) и Ј. К. (35), двајцата од гостиварски Добри Дол. Според пријавеното, околу 5.30 часот, на булеварот „Браќа Ѓиноски, со патничко возило „опел корса“ му го попречиле патот и физички го нападнале В. Ф. (29) од Гостивар по што со употреба на сила се обиделе да го извлечат од неговото патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки.

Како што е пријавено, при обид да побегне, В. Ф. со возилото тргнал назад и со отворената возачка врата ги соборил напаѓачите, а притоа го оштетил неговото возило.

Претходна вестАТП-листа: Ѓоковиќ има 600 поени повеќе од Алкараз, Ивановски е 329-ти во светот
Следна вестИзложба на Ангел Димовски – Чауш „50 години творештво“ во Чифте амам