Темно Режим Светло Режим

Без нејзино знаење и дозвола штипјанец извадил вкупно над 30.000 денари од картичка

24-годишен штипјанец ќе одговара кривично откако без дозвола извадил 31.300 денари од банкарска картичка на жена без нејзина дозвола.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Штип поднело кривична пријава против Џ.К.(24) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.  На 20.10.2025, пријавениот без согласност и дозвола од женско лице од Штип, неовластено ја прибавил и употребил нејзината банкарска картичка, по што извршил четири успешни трансакции на два банкомати во Штип, при што одзел вкупно 31.300 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Со документарниот филм „Приказната за Силјан" започнува февруарската програма на кинотеката

Следниот Пост

Македонските превозници блокираат гранични премини укажувајќи на ЕУ дека не се мигранти, поддршка им даде и министерот Александар Николоски