Темен режим Режим на светлина

Проданоски учествува на Самитот на балканските градови во Загреб

Општина Прилеп е во финална фаза со подготовката на Планот за одржлива урбана мобилност Општина Прилеп е во финална фаза со подготовката на Планот за одржлива урбана мобилност

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски учествува на Самитот на мрежата на балкански градови (B40) во Загреб. Самитот се одржува под мотото „Градовите како двигатели на одржливиот развој“ и е посветен на теми поврзани со урбаниот развој и регионалната соработка.

Во рамки на Самитот, Проданоски ги претставува приоритетите на Општина Прилеп, со фокус на три области: воведување паметни решенија за подобрување на квалитетот на живот, економско поврзување на локалните бизниси со регионот и дигитализација на општинската администрација.

Овие теми се дел и од официјалната агенда на Самитот, кој вклучува панели за зелена транзиција, паметни и отпорни градови. На настанот учествуваат претставници и градоначалници од повеќе балкански градови, меѓу кои Загреб, Софија и Солун.

Градоначалникот учествува и во дискусии посветени на урбано лидерство и енергетска трансформација, при што се разменуваат искуства и практики меѓу локалните самоуправи.

Мрежата на балкански градови B40 претставува една од најзначајните платформи за регионална соработка меѓу локалните самоуправи во Југоисточна Европа. Таа овозможува размена на знаења, добри практики и заеднички иницијативи во областа на одржливиот урбан развој, дигиталната трансформација и економската соработка, со што градовите добиваат посилна улога во креирањето развојни политики и пристап до меѓународни партнерства и проекти.

Во рамки на програмата се одржуваат и билатерални средби, како и разговори со претставници на мрежата ЕУРОСИТИС, насочени кон соработка и поддршка на идни развојни проекти. Учеството на Самитот во Загреб е дел од меѓународните активности на Општина Прилеп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Коњановски изврши увид во новиот систем за греење во градинката и училиштето во „Буковски Ливади“

Следна објава
Осомничените полицајци од Кочани негираат одговорност за трагедијата во „Пулс“

Жртва од пожарот во Кочани: Ги изгубив сите другари, јас едвај преживеав