Темен режим Режим на светлина

Изложба во Чифте амам: Eтнографските мотиви низ уметноста на Националната галерија

Изложба во Чифте амам: Eтнографските мотиви низ уметноста на Националната галерија Изложба во Чифте амам: Eтнографските мотиви низ уметноста на Националната галерија

Во објектот на Чифте амам, сместен во Старата скопска чаршија, вечерва со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“.

Станува збор за поставка која ги поврзува етнологијата и ликовната уметност, преку интерпретација на етнографските мотиви присутни во дела создадени кон крајот на 19 и првата половина на 20 век.

Публиката ќе има можност да види вкупно 52 уметнички дела од колекцијата на Национална галерија на Македонија, меѓу кои и ретко изложувани творби од истакнати македонски и балкански автори. Делата се инспирирани од секојдневниот живот, традицијата и општествените прилики во Македонија во различни историски периоди.

Автор на изложбата е Александар Ристевски, додека соработник и автор на текстот во каталогот е м-р Владимир Таневски. Проектот добива и дополнителна тежина, бидејќи доаѓа во период кога Ристевски ја презема функцијата директор на Музејот на Македонија.

Од Националната галерија посочуваат дека самиот амбиент на Чифте амам му дава посебна димензија на доживувањето, овозможувајќи делата да се восприемат во автентичен историски контекст.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во наредните недели.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
АХВ изрече казни и уништи небезбедна храна по вонредни контроли пред Велигден

АХВ изрече казни и уништи небезбедна храна по вонредни контроли пред Велигден

Следна објава
Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028

Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028