Темен режим Режим на светлина

Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028

Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028 Изложбата „Инспирации“ до 26 Април отвора европска перспектива за Скопје 2028

Во Музејот на град Скопје синоќа беше отворена изложбата „Инспирации“, како дел од активностите поврзани со проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Настанот го заокружи престојот во Скопје на градоначалниците Јозефин Хаге од Кемниц, Родолфо Зиберна од Гориција и Само Турел од Нова Горица. Заедно со претставници на Град Скопје, тие учествуваа во повеќедневни активности насочени кон размена на искуства поврзани со титулата Европска престолнина на културата.

Изложбата нуди визуелен преглед на европските престолнини на културата за 2025 година, преку фотографии што ги поврзуваат Кемниц, Гориција и Нова Горица. Преку овие примери, публиката има можност да види како културата влијае врз урбаниот развој и современиот живот во европските градови.

На отворањето присуствуваа и Орце Ѓоргиевски и Беким Сали, а беше нагласена важноста од меѓународната културна соработка и размена на добри практики.

Министерот Зоран Љутков посочи дека ваквите иницијативи се значаен чекор кон унапредување на културните политики и зајакнување на европските вредности, со Скопје како активен учесник во тие процеси.

Изложбата „Инспирации“ ќе биде отворена за посетителите до 26 април, а влезот е бесплатен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Изложба во Чифте амам: Eтнографските мотиви низ уметноста на Националната галерија

Изложба во Чифте амам: Eтнографските мотиви низ уметноста на Националната галерија

Следна објава
Дводневен фестивал во ГТЦ: „Malomfesztivál“ ја носи војводинската сцена во Скопје

Дводневен фестивал во ГТЦ: „Malomfesztivál“ ја носи војводинската сцена во Скопје