Патниот правец Бела Вода – Ратево, дел од регионалниот пат Берово – Струмица, во моментов е целосно затворен за сообраќај поради големи наноси од одрони.
Според информации од возачи кои се наоѓаат на терен, сообраќајот е во целосен прекин. Неофицијално, екипи задолжени за одржување на патиштата веќе се ангажирани на расчистување на одроните со цел што поскоро нормализирање на сообраќајот.
Засега нема пријави за повредени лица. Надлежните апелираат возачите да користат алтернативни патни правци и редовно да ја следат состојбата на патиштата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: