Нови искази во врска со кривичните пријави, кои неодамна ги поднесе, во скопското Јавно обвинителство денеска ќе дава Бојан Јовановски – Боки 13, неодамна осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“.
Јовановски поднесе повеќе од десетина кривични пријави кои опфаќаат триесетина лица – функционери, бизнисмени, медицински лица… Тие се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.
Неговиот браните Сашо Дуковски во изјава за новинарите појасни дека Обвинителството мора да постапува по кривичните пријави затоа што кривичните дела за кои Јовановски поднесе пријави се гонат по службена должност. Тој рече дека пријавите се врзани са случаевите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.
По поднесувањето на пријавите на 25 јуни Дуковски изјави дека добил телефонски закани по живот на Јовановски кој „требал да внимава што зборува пред обвинителот“.
Инаку, Боки-13 за време на изрекувањето на пресудата и добивањето на деветте години затвор побара милионските пари од „Рекетот“ да се бараат кај браќата Заеви.