Британец тешко повреден по пад од зграда во изградба во Црниче

Со тешки повреди се здобил британски државјанин откако вчера претпладне паднал од зграда во изградба во скопската населба Црниче, соопшти полицијата.

-Вчера околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека од зграда во изградба на ул.„Банско“ во Скопје паднал Д.Б. од Велика Британија. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестКомбе со 50 мигранти се преврте кај Струмица, повеќе повредени, возачот избегал
Следна вестУбава акција: Од утре во Аеродром ќе се собира кабаст отпад, аеродромци се на потег