Темно Режим Светло Режим

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопското Кале е наш приоритет

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку видео објава на своите официјални профили на социјалните мрежи информираше дека Скопското Кале во моментов е целосно исчистено и уредено.

На снимката јасно се прикажува моменталната состојба на овој значаен културно-историски простор, кој, како што може да се забележи, е среден, чист и подготвен да ги пречека граѓаните и туристите. Ѓорѓиевски посочи дека ваквата состојба е резултат на континуирана грижа и посветеност кон јавните простори и културното наследство на главниот град.

Според него, Скопското Кале претставува еден од најпрепознатливите симболи на градот и место со особена историска вредност, поради што заслужува редовно одржување и заштита. Целта, како што нагласи, е да се обезбеди безбедна и пријатна средина за сите посетители, како и достоинствен изглед на локалитетот.

Advertisement

Од Град Скопје најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности насочени кон унапредување, одржување и промоција на културно-историските објекти и јавните простори во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Нов систем, нула трошоци: Советот на Битола преминува на електронско гласање

Следниот Пост

Кремљ: Путин е отворен за директни преговори со Зеленски