По повод денот на ослободувањето на Скопје Град Скопје денеска во 12 часот промовира свој проект наречен „Историска тура со маршалот“. Проектот предвидува посета на заинтересираните граѓани на објекти кои во градот се направени додека Македонија била дел од југословенската федерација.
– Историска тура со Маршалот! Со почеток во 12 часот ќе се одржи „Историска тура со маршалот“ околу објектите и наследството од југословенскиот период во Скопје. Стартна точка е Споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на РСМ, а турата ќе ја води лиценцираниот туристички водич Војче Китаноски, соопштија од Град Скопје на нивната официјалната страница на Фејсбук.
Војче Китаносaки, инаку, е познат како имитатор на јавни личности меѓу кои и на некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито.
Во реакции на граѓаните на објавата на Фејсбук се укажува дека ваквите тури не треба да се организираат во периодто кога е забрането групирање на повеќе од четири лица на јавни простори…
-Нели треба да се почитуваат мерките, а самиот град организира тура, напиша еден граѓанин.