Кондово ја доби својата прва градинка во која има место за 80 деца

Нова и прва детска градинка „Фљутура“ денеска е отворена во скопската населба Кондово. Во објектот на градинката ќе бидат згрижени  80 деца на возраст до 6 години, организирани во 5 хетерогено згрижувачко- воспитни групи и за нив ќе се грижат 18 вработени.

За овој објект од буџетот на Министерството за труд и социјална политика беа вложени околу 22 милиони денари,

На денешното отворање министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска најави дека до крајот на годината , таа посочи дека во други населби ќе бидат завршени и отворени уште шест нови градинки, со што опфатот на деца ќе се зголеми за дополнителни 455.

Претшколското образование, воспитувањето вистинскот правилен психосоцијален развој на децата, претставуваат предуслов за изградба на квалитетни личности, кои што ќе ја градат нашата иднина, истакна Шахпаска.

Претходна вестРеконструиран булеварот „8. Септември“, ќе завршат ли и гужвите на улиците?
Следна вестРегистрирани 1.168 нови случаи на корона вирус во Македонија, починаа 18 лица