Темно Режим Светло Режим

Градежните активности на Булевар „Македонија“ ќе се реализираат во четири фази

Од денеска почнаа градежните активности на Булеварот „Македонија“ со кои се очекува да се намалат сообраќајните гужви. Ќе се реализираат четири фази, од кои првата треба да заврши за 90 дена.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите рече дека следната недела се очекува да започне и тендерската постапка за втората фаза.

– Тука сме на почеток на градежните активности на булеварот „Македонија“, нешто за што се говори години наназад, почнуваме со првиот од четирите чекори. Рокот на изведба е 90 дена, а од следната недела ќе ја почнеме тендерската постапка за втората фаза. верувам дека веднаш по завршување на првата фаза, ќе започнеме со реализација на втората фаза, рече Ѓорѓиевски.

Advertisement

Се надева дека до крајот на неговиот мандат ќе заврши целосната изградба.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Дете тешко повредено од заталкан куршум во скопско Глумово

Следниот Пост

Многу марихуана шета низ Македонија, МВР ги лови криумчарите, но треба да ги засили активностите