Темно Режим Светло Режим

Граѓани револтирани од решенијата на УЈП: Не сме даночни резиденти

Десетици граѓани попладнево излегоа на протест пред Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Тетово, изразувајќи незадоволство од решенијата со кои им се наложува да платат данок за приходи остварени во странство.

Протестирачите реагираат на, како што наведуваат, неправилната примена на даночните прописи и тврдат дека не треба да бидат третирани како даночни резиденти. Според нивните аргументи, тие поминале повеќе од 183 дена надвор од државата, што, согласно законските одредби, значи дека не подлежат на оданочување за приходите заработени во друга земја.

Граѓаните порачаа дека ваквите решенија претставуваат неправда и дополнителен финансиски товар, поради што бараат нивно повлекување и преиспитување од страна на надлежните институции.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Синдикатот на новинари со поддршка за протестот за минимална плата

Следниот Пост

Уапсен Бесим Шерифи, осомничен за три убиства во Копаница