Темно Режим Светло Режим

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, одземено е возилото

Лишен од слобода полициски службеник од Делчево, возел без возачка дозвола, одземено е возилото

На 02..02.2026 во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.

Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Можело да се вози и прописно, само 500 прекршоци на првиот ден од „Сејф сити“

Следниот Пост

И полицискиот радар е активен: Упасен 22-годишник – возел 139 километри на час каде е дозволено 60