Темно Режим Светло Режим

„Лукоил“ без реакција по ударот врз едно од клучните нафтени полиња

Украинските сили извршија напад врз нафтеното поле Филановски на руската компанија „Лукоил“ во Каспиското Езеро, објави Блумберг. Според извештаите, украински дронови ја погодиле офшор платформата најмалку четири пати, со што било прекинато производството на повеќе од 20 бушотини.

Од „Лукоил“ засега нема официјална реакција. Полето Филановски, кое се наоѓа во рускиот дел од Каспиското Езеро, има годишен капацитет од околу шест милиони тони нафта или приближно 120.000 барели дневно. Тоа претставува помалку од осум проценти од минатогодишното домашно производство на компанијата, кое изнесуваше 76,5 милиони тони сурова нафта и кондензат.

Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека продолжува со операциите насочени кон рускиот нафтен и гасен сектор, при што постојано се проширува географскиот опсег на нападите. Извор од СБУ за Блумберг изјавил дека акцијата на Каспиското Море претставува „уште еден потсетник за Русија дека сите компании кои придонесуваат за нејзините воени напори, каде и да се наоѓаат, се легитимни цели“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ЕУ-поддржан проект ќе ја развива зелената инфраструктура во регионот Куманово - Ќустендил

Следниот Пост

Од конфискација до хаос: Што се случи во инцидентот со говедата кај Крива Паланка