Македонија напредуваше на ФИФА листата, навиваме да се искачи уште погоре по мечот со Грузија

Добрите игри на македонската фудбалска репрезентација се забележани и во ФИФА. Имено, нашата репрезентација бележи напредок за една позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денес.

Екипата предводена од одличниот Горан Пандев изминатиот период имаа значајна победа над Косово и нерешени исходи со Естонија и Грузија, по што се најдоа на 65.место со 1.356 бода.

Инаку, репрезентацијата на Грузија против која Македонија ќе игра бараж за пласман на Европското првенство се наоѓа на 86.место со 1.287 бодови.

Се надеваме и навиваме за тоа македонската репрезентација да се искачи на уште некое место повисоко на светската листа и тоа токму по натпреварот со Грузија кој треба наскоро да се одигра.

За потсетување, на првите пет позиции на светската листа нема промени. Лидер е Белгија пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

 

Претходна вестМедицинари од интернистичките гранки на испомош во Инфективна
Следна вестКазнети 272 возачи, секој четврт возел пребрзо