Казнети 272 возачи, секој четврт возел пребрзо

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 272 санкции, меѓу кои 63 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, соопшти денеска МВР.

-Изречени се санкции на15 за технички неисправни возила, 20 за возење без возачка дозвола и 2 мотоциклисти. Изречени се 87 мерки за непрописно паркирање, 79 возила се подигнати со „пајак“, а изречени се 22 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестМакедонија напредуваше на ФИФА листата, навиваме да се искачи уште погоре по мечот со Грузија
Следна вестИтност во коалицијата: Филипче бараше итна седница, Џафери ја закажа дури за 27 октомври