Итност во коалицијата: Филипче бараше итна седница, Џафери ја закажа дури за 27 октомври

Итната седница на парламентот што ја побара министерот Филипче ќе се одржи дури на 27 октомври. Дали е некој превид или партнерите во владината коалиција длабоко се разликуваат околу тоа што е итност во донесувањето на новите мерки против корона вирусот?

Додека министерот за здравство вчера алармантно апелираше мерките да бидат досесени итно од страна на пратениците и ја обвини опозицијата за опструкцијата, претседателот на Собранието Талат Џафери седницата денеска ја закажа дури за 27 октомври!?

 Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и Законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври, Пратеничките групи побарале законот да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, поради разногласието на партиите јас немам намера да свикувам седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка, најави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на средба со новинарите.

Како на ова ќе реагира министерот за здравство Венко Филипче останува да се види. Односно, да се види кому всушност не му се брза за да се одржи седницата на која ќе се изгласаат мерките. Тој вчера прстот го насочи кон опозицијата.

бидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести е смислен и тенденциозен обид за дневнополитички поени кој директно го загрозува здравјето на населението. Барањето за формирање нова Комисија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе ја избира Собранието, е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано. Уште еднаш повикувам на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси. Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкраток можен рок, порача вчера тој.

Излезе дека повикот требаша да биде кон Џафери. Но, има време може денеска ќе го каже повикот и кон него.

Претходна вестКазнети 272 возачи, секој четврт возел пребрзо
Следна вестЛевица до Собранието поднесе декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии