Левица до Собранието поднесе декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии

Декларација за осуда на бугарските национал-шовинстички претензии денеска до Собранието поднеле двајцата пратеници од партијата „Левица“. Пратеникот Димитар Апасиев објасни дека Декларацијата содржи 10 точки и дека се очекува таа да биде на дневен ред на 20-та седница на Собранието, што би се одржала на почетокот на ноември. За оваа Декларација во следните денови ќе разговараат со пратеничките групи во Собранието.

Декларацијата предвидува Собранието да го отфрли бугарскиот т.н. објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и процесот на асоцијација и стабилизација упатен од страна на официјална Софија до земјите членки на ЕУ.

Исто  така, Декларацијата предвидува дека македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно суверено нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ кое не може и не смее да биде дел од никаква странска билатерална агенда или, пак, мултилатерална преговарачка рамка за членство во кој било меѓународен сојуз или организација.

Со третата точка од Декларацијата се бара од Владата, од премиерот,  неговите заменици и министерот за надворешни работи „да бидат поагилни, подржавнички, пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации кои  доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, михаиловистичките и великобугарските центри на нашиот источен сосед“.

Од претседателот на државата во Декларацијата се бара да биде поактивен во одбрана на македонските национални интереси на меѓународно ниво, од македонската страна да биде отворено прашањето за правата и статусот за непризнаеното македонско национално малцинство во Бугарија, а се истакнува и, како што се наведува, „суштинската потреба од носење на стратегиска македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ од страна на лидерите на политичките партии во Македонија, а во која ќе се дефинираат државните црвени линии“.

аедничката Комисија треба да престане да постои. Се ова што се случува во однос на тие разговори и вклучувајќи го и прашањето со Гоце Делчев и други прашања покренати од Бугарија и од Грција е одраз на нашата погрешна надворешна политика во последните четири години. Сега и ние треба да почнеме исто така да ги покренуваме прашањата за правата на Македонците во овие две земји, изјави денеска Апасиев.

Претходна вестИтност во коалицијата: Филипче бараше итна седница, Џафери ја закажа дури за 27 октомври
Следна вест40 отсто од скопјани сметаат дека општинските инспектори се во маѓепсан круг