40 отсто од скопјани сметаат дека општинските инспектори се во маѓепсан круг

Општинските служби и инспекции се едни од најслабите алки на функционирањето на локалната самоуправа и тие во голема мера зависат од волјата на градоначалниците, покажало истражувањето чии резултати ги соопшти Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар. Истражувањето го спровела оваа невладина организација, а резултатите беа соопштени пред почетокот на дебатата на тема „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје” што се одржа во Град Скопје.

-Во скопскиот регион, нашето истражување на јавното мислење покажа дека 55 отсто од граѓаните сметаат дека општинските служби и инспекторите зависат од волјата на градоначалниците. А 40 отсто сметаат дека во суштина општинските инспектори не зависат само од волјата на градоначалниците, туку дека се во маѓепсаниот круг и на моќниците, во економска и во други сфери, рече Бејкова.

Таа посочи дека анализата на состојбите внатре и од работењето на општинските служби покажува дека речиси не постои општина во Македонија, вклучително и Град Скопје и скопските општини, каде имаат доволно капацитет на општинските служби. Голем дел од општините, како што рече, имаат меѓуопштински договори кои често пати се само на хартија и не се ефикасни.

-Голем проблем за општинските инспектори е што им одговараат на градоначалниците така што постои висок ризик од корупција, рече Бејкова.

Претходна вестЛевица до Собранието поднесе декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии
Следна вестШилегов: Бројот на казни и опомени се зголеми најмалку двојно