Маж од Радовиш почина во тешка сообраќајка кај Струмица

Педесет и осумгодишниот Б.К. од Радовиш вчера попладне загинал во сообраќајка која се случила на локалниот пат Струмица-село Просениково, информираа од СВР Струмица.

Според полицијата, автомобилот „ауди А4″ со радовишки регистарски таблички, управуван од загинатиот, изгубил контрола и излетал од патот.

На местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош од Струмица, а лекар констатирал дека радовишанецот починал веднаш.

Увид извршиле екипа на СВР Струмица и јавен обвинител.

Претходна вестПретепал болничар со неколку другари, затоа што не го пуштил без маска во модуларната ковид амбуланта
Следна вестПочнува враќањето на пари од „Викенд без ДДВ“, над 200 илјади граѓани ќе добијат околу 1 милион евра