13-годишник заедно со уште едно лице се обиделе да крадат возила во Скопје

Уапсени 18-годишник и 13-годишен малолетник, двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле кривични дела кражба и обид за одземање на моторно возило, извршени на автоплац на булеварот „Трета македонска бригада“. Апсењето го извршиле полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево на 7 ноември.

Од МВР информираат дека пријавените од автоплацот одзеле клучеви за стартување на пет автомобили и се обиделе да украдат уште три возила.

Одземените предмети се пронајдени кај младите разбојници, од кој едниот е всушност дете.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестЗаев телефонски му посакал здравје на Борисов и се договориле пак да се слушнат
Следна вестМомче од Кавадарци пронајдено со убодни рани, приведени се две лица