Темно Режим Светло Режим

Можело да се вози и прописно, само 500 прекршоци на првиот ден од „Сејф сити“

Утрово, на првиот работен ден откако почна со казнување системот „Сејф сити” во Скопје беше видливо попрописното возење.

-Се движиме поспоро од порано, но редот што се создаде ги намали ризичните ситуации па возењето е полесно, ни рече возач на крстосницата кај Тутунски.

Повнимателното возење го потенцира и министерот Тошковски објаснувајќи дека вчера до 20 часот системот изрекол само околу 500 казни.

Advertisement

-Укажувам огромна благодарност до граѓаните и совесните учесници во сообраќајот затоа што овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

Инаку, системот санкционира: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување нерегистрирано возило и непрописно паркирање.

Но, што со оние кои возат без возачка дозвола, нив камерите не ги ловат? А во Македонија многумина такви седат зад воланот. Само во првите 9 месеци од минатата година МВР санкцинора над 18.450 возачи кои немале возачка дозвола. Во Скопје биле над 3.200.

Значи, иако камерите се активни, сообраќајната полиција мора да засили со работењето и тоа не само поради возачи без дозвола, туку и за пешаците кои минуваат улица каде посакаат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Прекин на струја денеска во Аеродром и Шуто Оризари