Добро е што го воведоа системот „Сејф сити”. Ваков и сличен е одговорот на неколкутемина скопјани кои ги прашавме дали им е прифатлив системот на МВР.
И за поголемиот дел од нив, прифатливоста е особенa оти конечно ќе се санкционираат оние кои преминуваат на црвено светло на семафор. Велат таквите возачи предизвикуваат најголема опасност во сообраќајот.
Камерите на првиот ден од кога официјално работи системот и почнаа казнувањата уловиле минување на црвено светло кај 64 неодговрни возачи. 35 биле во Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово.
Бројката не е мала. Но, казните сигурно ќе ги подзамислат и овие возачите како и останатите во иднина. Во Македонија има премногу „далтонисти” кои не ја препознаваа црвената боја на семафорите. Впрочем тоа го покажа и првиот пробен ден од „Сејф сити” кога за само 12 часа на црвено поминаа дури 2.800 возила.
Сега црвеното ќе биде црвено дури и за несовесните возачи, а ако не биде, казните ќе им го поправат видот се со цел да нема жртви и повредени во сообраќајот.