На три лица им одобрил возачки дозволи иако не го положиле испитот

Кривична пријава за „злоупотреба на службена должност и овластување“ добил Ш.Ј. помлад референт во одделот за управни работи на МВР бидејќи издавал возачки дозволи на лица без положен возачки испит.

МВР соопшти дека постои основано сомневање дека тој во периодот од март до мај 2020 година во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластување.

-Тоа го направил на начин што постапил спротивно на одредбите од член 272 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и правилникот, односно извршил креирање на барање за возачки дозволи и фотографирање за возачки дозволи, кои ги процесирал во натамошна постапка (одобрување) за три лица, кои воопшто немале положено возачки испит, се наведува во соопштението.

Против Ш.Ј. е поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.

Претходна вестДебакл: Владата предвиде граѓаните да потрошат 170 милиони евра, ама тие поарчија само 8,5 милиони
Следна вестНајнова најава на Шилегов: „Лајка“ се отвора утре