Сончево со мала облачност и умерен ветер

Утринското сонце најавува сончев ден во скопско. Метеоролозите предвидуваат дека во текот на целиот ден времето ќе биде ведро со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на моменти ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 21 степен.

И во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево, но можна е и мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и претежно во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 24 степени.

До четврток претпладне ќе има краткотрајно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран од четврток во текот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во петок преку денот.

 

Претходна вестГрадот ќе прави зелен појас кај Серава, Аквадуктот пак „фрлен“ на страна
Следна вестИзложба на богатството од македонски поштенски марки од денеска во Музеј на Македонија