Марихуаната си наоѓа прибежиште на Средно Водно?

Нов случај на приведување на лице со опојна дрога марихуана посочи полицијата.

– Синоќа во 21.30 часот на Средно Водно е приведен 31-годишник заради поседување на марихуана, се наведува во полицискиот извештај.

Ова е нов случај на приведување на оваа излетничка локација која ја посетуваат многу скопјани. На 11 октомври, исто така, околу 16 часот приведено било едно 28-годишно лице кое поседувало марихуана.

Дали Средно Водно е новото „местенце“ каде се користи и продава оваа опојна дрога? Досега, голем број на откриените случаи се врзуваа за Градскиот парк, а сега „преминуваат“ на омилената скопска планина.

Инаку, вчера полицијата привела уште две лица заради марихуана. Приведен е 19-годишен скопјанец кој бил затекнат со марихуана еден час порано, во близина на Железничката станица. Во третиот случај станува збор за 20-годишник, приведен во Чаир.

Од МВР велат дека по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходна вестНова причина за сообраќаен метеж во Центар, ќе се снимал филм
Следна вестРакометот се враќа на терен