МОН: 87 проценти од учениците ја следат онлајн наставата

Од почетокот на учебната година до денес бројот на ученици кои следат настава од далечина е зголемен за 17 проценти, односно околу 87 отсто од учениците успешно ја следат онлајн наставата, соопшти денеска Министерството за образование и наука.

Во соопштението се наведува дека за останатиот дел од учениците кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија. Наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.

-МОН е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн наставата. Се апелира до наставниците и учениците коишто се со физичко присуство, доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста, се наведува во информацијата.

Претходна вестКаде запре апликацијата „СтопКорона“, кое е искуството на Манчевски?
Следна вестТешко повредено момче при нагло кочење на градски автобус