Темен режим Режим на светлина

Македонија не страда толку од оние кои имаат двојни државјанства колку од тие што со македонско државјанство служат на странци

Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија

Пак се отвори прашањето за двојните државјанства кај пратениците и другите државни функционерите – тема што со години се провлекува, но без краен епилог. Владеачкото мнозинство сега е решено да нема повеќе пратеници кои ќе имаат по два пасоши. Добро е ако овој пат тоа се реши и затвори како прашање.

Ама, веднаш тргнаа меѓупартиските препукувања. СДСМ инсистира забраната за двојно државјанство да важи за сите функционери. И сега за жал се очекува долги и мачни натегања и меѓусебни обвинувања.

А всушност не се воочува дека на Македонија маката помалку и доаѓа од тие кои имаат двојно државјанство. Проблемот на државата е што многумина функционери кои имаат само македонски пасош носат одлуки што повеќе угодуваат на странски интереси.

Тоа е проблемот. Македонија памети врвни политичари кои дури велеа: Ние сме ист народ со Бугарите и тоа во време кога Софија го негира нашето постоење. Безброј се примерите каде она што ќе го побараше од нас странски дипломат за наши функционери тоа стануваше закон или библија.

Дури и вчера – кога премиерот истакна дека Македонија се чувствува како жртва на „булинг” од земја членка на ЕУ, од СДСМ веднаш беше критикуван дека ваквата изјава ја претставуваат Европа како „силеџија”, што било недозволиво.

И која е придобивката за земјата што сите кои вака сервилно постапуваат имаат само македонски пасоши? На Македонија и фалат политичари кои ќе ги имаат за приоритет македонските интереси. А тоа се постигнува со чесност и одговорност, а помалку со некакво имање или немање на некаква патна исправа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Џез за деца во Kисела Вода

Џез за деца во Kисела Вода

Следна објава
Скопје како европска престолнина на културата 2028 ќе доживее урбана трансформација и развој, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Скопје како европска престолнина на културата 2028 ќе доживее урбана трансформација и развој, вети градоначалникот Орце Ѓорѓиевски