Ќе се прават законски измени за да се воведе носење на маска на отворено, забрана за групирање по дома…

За реализација на последните препораки на Комисијата за заразни болести е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести, реши Владата на денешната седница.

Владата ги разгледуваше предлозите на Комисијата за задолжително носење на маски секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со одредени исклучоци. Предлогот беше и забрана за групирање во домови на семејни прослави при што едно семејство да може да прими најмногу четири луѓе, како и да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот. Односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

-Со измените во Законот ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел  спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести, се наведува во соопштението

Претходна вестНајнова најава на Шилегов: „Лајка“ се отвора утре
Следна вестИзбегнат инцидент: Одбиено барањето за преразгледување на ДУП-от во општина Ѓорче Петров