Темно Режим Светло Режим

Нигериски државјанин уапсен во Скопје со пиштол и куршуми, нападнал и полицаец

Полициски службеници од СВР Скопје рано утрово лишиле од слобода 37-годишен државјанин на Нигерија, откако физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Инцидентот се случил на 21 декември 2025 година околу 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје. Уапсениот, со иницијали У.И.У., при полициска контрола и преглед бил затекнат со огнено оружје.

Кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка „Глок“, две рамки и 30 куршуми, за кои не поседувал соодветна дозвола. Лицето поседувало американски пасош и лична карта.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривично-правна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Астон Вила му одржа фудбалска лекција на Манчестер Јунајтед

Следниот Пост

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје