Американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер е меѓу амбасадорите кои ќе бидат отповикани. Освен во Северна Македонија, од Европа отповикани ќе бидат и амбасадорите во Црна Гора, Словачка и Ерменија.
Американскиот претседател Доналд Трамп, како што пишува Асошиејтед прес, менува 30 дипломати од амбасадорски и други позиции во амбасадите.
Шефовите на мисиите во најмалку 29 држави минатата недела биле известени дека нивните мандати завршуваат во јануари.
Сите повлечени амбасадори стапиле на должност за време на администрацијата на Бајден но останаа на овие места по првичната чистка направена на почетокот на мандатот на Трамп.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




