Се очекува специјалниот американски пратеник Стив Виткоф да се сретне со секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност, Рустем Умеров, подоцна оваа недела во Мајами. Детали за датумот и темите на разговорите засега не се објавени, а украинската страна индиректно потврди дека Умеров е во странство.
Средбата доаѓа во контекст на напорите за воспоставување примирје во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна разговараше со Владимир Путин за можен прекин на огнот околу 9 мај, Денот на победата во Русија.
Москва најави дводневно примирје, додека Киев предложи борбите да запрат уште од 6 мај, но без одговор од руската страна. Во меѓувреме, Украина ја обвини Русија за прекршување на примирјето, при што имаyзагинати и ранети на фронтот.
Руското министерство за надворешни работи, пак, предупреди на можен силен одговор доколку Украина се обиде да ги наруши прославите во Москва.


