Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови од земјата ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 20 и 26 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, а претпладне во одделни делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 10 до максимални 25 степени.
Од УХМР информираат дека и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. На повеќе места се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, особено во петок и сабота, кога локално процесите ќе бидат поинтензивни. Утринските температури ќе бидат во пораст, додека дневните до сабота ќе останат пониски.

