Темен режим Режим на светлина

Тоневски: Пробиштип домаќин на Еразмус размена – ученици и наставници од Турција во ново меѓународно дружење

Тоневски: Пробиштип домаќин на Еразмус размена – ученици и наставници од Турција во ново меѓународно дружење Тоневски: Пробиштип домаќин на Еразмус размена – ученици и наставници од Турција во ново меѓународно дружење

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски денес им посака добредојде на наставници и ученици од Кајсери, кои престојуваат во градот во рамки на Еразмус+ програмата за размена на знаења, искуства и култури.

Гостите се сместени во основното училиште ООУ „Никола Карев“, каде во текот на неделата ќе имаат можност да се запознаат со организацијата на наставата, образовниот систем и секојдневните активности во училиштето.

Во рамки на програмата се предвидени и посети на наставни часови, како и учество во работилници посветени на инклузивно образование и современи педагошки пристапи, со цел размена на добри практики меѓу двете образовни системи.

Покрај образовниот дел, програмата вклучува и активности за запознавање на културата, традициите и вредностите на двете земји, што, како што беше истакнато, придонесува за меѓусебно разбирање, почитување и зајакнување на пријателските односи.

Тоневски нагласи дека ваквите проекти се важни за унапредување на образованието и градење мостови на соработка меѓу младите од различни држави.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Битола има потенцијал: Зелени работни места што е додадена вредност во процесот на праведната енергетска транзиција во Пелагонија

Битола има потенцијал: Зелени работни места што е додадена вредност во процесот на праведната енергетска транзиција во Пелагонија

Следна објава
„Нож и виљушка на европска чинија“: Спој на европската трпеза и македонската традиција на 9 мај во Паркот на Франкофонијата

„Нож и виљушка на европска чинија“: Спој на европската трпеза и македонската традиција на 9 мај во Паркот на Франкофонијата