Темен режим Режим на светлина

МНТ ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со три претстави од „Сонцето, колку е блиску сонцето – made in MNT”

Со три премиери на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT”, во режија на Дејан Пројковски, МНТ ќе одбележи 80 години постоење.

Денеска беше претставен концептот на настанот, чија премиера е закажана за 29 декември на големата сцена на МНТ, со сценски спектакл, што ги обединува минатото и сегашноста на театарот преку клучните вредности како љубовта кон театарот, уметничката храброст, посветеноста, визијата, тимската работа, негувањето на традицијата и создавањето нови вредности за иднината.

Во проектот учествуваат ансамблот на Македонскиот народен театар, оперски уметници, како и студенти по актерска игра и актери од Факултетот за драмски уметности и од „Еуропа Прима”.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител

Следна објава

Дедо Мраз и супер хероите ги посетија дечињата од клиниката за детски болести