Темен режим Режим на светлина

Дедо Мраз и супер хероите ги посетија дечињата од клиниката за детски болести

Малите пациенти на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје денеска имаа несекојдневно попладне.

Во посета им дојдоа Дедо Мраз и суперхероите Бетмен, Спајдермен и Супермен. Облечени во костими, обучени волонтери од Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Град Скопје, со помош на јажиња се спуштија од покривот на здравствената установа, предизвикувајќи радост и насмевки кај хоспитализираните деца.

Показната вежба „Да подариме насмевка”, која годинава се реализира по осми пат, со цел да им се даде морална и психолошка поддршка на децата за полесно справување со болничките денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

МНТ ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со три претстави од „Сонцето, колку е блиску сонцето - made in MNT"

Следна објава

Македонија и Турција потпишаа договор за продлабочување на образовната соработка