Темен режим Режим на светлина

Избори во Македонија: Започна изборната кампања за 4 општини

Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според Роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае со 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето.

Кандидати за градоначалник на Гостивар се Невзат Бејта кој пребега од ДУИ во Влен заради кандидатурата и независниот Ваљбон Лимани кој го поддрѓува ДУИ..

Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан од
Група избирачи Зуљхајрат Демири.

Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.

Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ и Анес Ахмети кандидат на СДСМ.

Изборите за градоначалник во овие четири општини се повторуваат бидејќи на Локалните избори 2025 таму немаше доволен број граѓани излезени на гласање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Неколку делови од Карпош и Центар денеска без вода

Следна објава

Загадениот воздух го загадува и политичкиот живот, а тоа не смее да се случи сега кога се потребни итни решенија