Анита Тополова Исајловска избрана за в.д. државен јавен обвинител

10

Избрана е Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на Љупчо Коцевски. Изборот денеска го направи Советот на јавни обвинители на седница на која Топалова-Исајловска беше единствениот предлог за оваа важна позиција во правосудниот систем на Македонија.

Таа ќе биде вршител на должноста се додека не се избере нов државен јавен обвинител, на јавен конкурс, но не подолго од 6 месеци.

Анита Тополова-Исајловска првпат е избрана за обвинителка во 2009 година, во 2013 влегува во Вишото обвинителство, а по три години е унапредена во републичка обвинителка и заменичка на тогашниот државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНиколоски: Со методи кои првпат се користат во регионот се прави стабилизација на косините на автопатот Охрид – Кичево
Следна вестМНТ ќе го одбележи 80-годишниот јубилеј со три претстави од „Сонцето, колку е блиску сонцето – made in MNT”