Засилено се работи на автопатот Охрид – Кичево. За тоа посведочи и министерот за транспорт Александар Николовски додавајќи дека се прават посебни огромни т.н. галерии за стабилизација на земјиштето на најтешкиот дел од автопатот каде има многу свлечишта.
Тој напиша дека за прв пат во регионот на автопатот се изведуваат сложени инженерски и градежни зафати, со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем.
„Се работи на пробивање на планини, за косини коишто се од 100 до 200 метри, за земјиште коешто постојано се спушта до главната траса.
Решаваме вкупно 16 косини, од кои што на 14 ќе имаме стабилизација со така наречени галерии, нешто то за прв пат ќе се изведува, не само во Македонија, туку во целиот регион, каде што со армиран бетон се
застанува цела планина”, напиша Николоски.


